Власта купува 5 пати поскапа струја, од тоа што државата сама може да произведе, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Во изминатите неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, по цена и до 250 евра од мегават час. Тоа е и до 5 пати повеќе отколку цената на произведен мегават час од македонските електрани. Нема домашно производство и половина од потрошувачката е увозна затоа што Заев ги испразни езерата и ги остави на раб на исчезнување, а РЕК го остави без јаглен. Во сред грејна сезона нема јаглен на депонијата во РЕК, се вели во реакцијата.
Натаму во денешното соопштение се додава:
– Власта наместо да инвестира во нови ископи и копање на јаглен се фели на матни тендери и ги потроши парите на граѓаните, за сега да префрла нови 65 милиони евра на ЕЛЕМ и МЕПСО да ги покриваат дупките кои сами ги создадоа. Доколку на време се копаше јаглен во РЕК, и акумулациите се третираа професионално, сега воопшто немаше да има потреба ниту од увоз на јаглен, ниту од увоз на скапа струја, ниту од никакви други матни тендери. Но наместо на работа, власта се фрли на криминал. И затоа сме пред енергетски колапс. Оваа власт нема капацитет да се справи со енергетската криза. Оваа власт мора да си замине, соопштија од опозициската партија.
Николов: МЕПСО тоне во долгови, ама за авио билети има пари
Во сето безредие и хаос со енергетската криза во која што СДСМ ја втурна Македонија, менаџментот на МЕПСО во август решил да патува и потпишал договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, за што сведочат документите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ.
Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби.
Ова покажува само едно, дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата! Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин.
Луѓето бараат алтернативи, уплашени пред информациите за цената на струјата и пред мерките што ги опфаќа кризната состојба во енергетиката. Наголемо се купува огревно дрво, забележана е поголема побарувачка за плински уреди, а во МЕПСО купуваат авио билети!
Ова не може да помине неказнето. Одговорност мора да има!