Заев купува струја за 5,5 милиони евра, тајно без никој да знае, се вели во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со најновите случувања во енергетскиот сектор во Македонија.

– 26.000 мегавати струја е купена за 5,5 милиони евра од ЕЛЕМ, затоа што владата на Заев ги испразни електраните и го остави РЕК без јаглен. Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за еден месец за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава заради апашлукот на Заев, за да не остане без струја, се вели во реакцијата.

Заев, се додава во соопштението, на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен.

– Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК. На државата буквално и се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо и тоа само заради Заев и неговата неспсобност и трчање по тендери 5 години по ред. Заев ја турна Македонија во криза, и секој ден поминат со Заев е нов трошок за Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.