Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, зборуваше за натпреварот со Италија во полуфиналето на ЕВРО 2020.

– Ја напуштив Рома по своја волја. Клубот сакаше да останам. Ова е моја одлука, затоа не размислувам за одмазда. Навистина ми се допаѓа Италија, со задоволство ја посетувам. Одлично е да се игра против нејзиниот тим. Ќе се сретнеме повторно во октомври во Лигата на нациите, и тоа секогаш ме радува. Ако победиме вечер, тоа ќе биде одлично. Но, ако Италија го стори тоа заслужено, тогаш јас ќе навивам за нив во финалето, изјави Енрике.

Натпреварот Италија – Шпанија ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот на „Вембли“ во Лондон.