Романија ја порази Англија со 4:2 во еден драматичен и возбудлив натпревар од Европското фудбалско првенство до 21 година.
Ова е втора победа за Романците, по победата од 4:1 против Хрватите во првото коло, со што ја зацврстија првата позиција во групата Ц со 6 бодови.
Интересен е фактот што целиот натпревар резултатски е решен во последните 20 минути кога и беа постигнати сите голови. Најуспешен кај Романија беше двојниот стрелец Флоринел Коман во 89. и 93. минута, а другите два гола за романската репрезентација ги постигнаа Георг Пушкаш во 76. и Јанис Хаџи во 85. минута.
Кај репрезентацијата на „Гордиот Албион“ головите ги постигнаа Демараи Греј во 79. и Тами Абрахим во 87. минута.
На другиот дуел од оваа група Франција ја победи Хрватска со 1:0.
Во групата Ц, Романија и Франција имаат по шест бода, додека Англија и Хрватска се без освоен бод.