По два одиграни натпревари, Хрватска е едно од најголемите разочарувања на ЕП во фудбал. Светскиот вицешампион, по поразот од Англија во првото коло, денеска одигра само 1:1 против Чешка.

Можеби резултатот и не е толку проблематичен, иако сега е во воздух хрватскиот пласман во натамошниот тек, колку што е проблем слабата игра која ни одблиску не потсетувања на моќната Хрватска што ја познаваме.

Рака на срце, Чесите поведоа во првото полувреме од еден крајно сомнителен пенал. Судијата самиот ја прегледуваше снимката и покажа на белата точка, но факт е дека Ловрен го удри топката во рака при скок во воздух и во дуел со противникот, што немаше никаква блиска точка со ситуациите поради се суди пенал.

Сепак, тоа беше 1:0 за Чешка, но и тоа не беше доволно Хрватите да се тргнат од летаргијата.

Нешто подобри беа во второто полувреме, Перишиќ успеа да израмни во негов стил, но тоа беше се што сторија Хрватите на овој меч.

Следниот нивен меч е со Шкотска, кога Хрватска мора да победи, а Чесите играат со Англија која вчерва во 21 часот игра со Шкотите.