Големото островско дерби помеѓу соседите Англија и Шкотска заврши без голови.

Натпреаврот беше досаден, и двете екипи како да беа задоволни со бод, а отворено е прашањето дали Англичаните калкулираа бегајќи од првото место во групата кое ги води во осминафиналето кон Португалија, Франција или Германија.

Ова беше меч од 2. коло од групата Д по кој Англичаните сега имаат четири бода, а Шкотланѓаните еден, исто колку и Хрватска. Чесите се први со четири бода поради подобра гол-разлика.