Англискиот селектор Герет Саутгејт изјави оти е „фрустриран“ од ремито без голови во синоќешниот натпревар против Шкотска во рамки на второто коло од групата Д на ЕУРО2020.

– Тоа беше фрустрирачка ноќ за нас. Знаеме дека можеме подобро, но мора да и оддадеме почит на Шкотска, која храбро се бранеше и играше добро. На крајот не сторивме доволно за победа, а кога веќе не победивме, беше важно да не загубиме, изјави Саутгејт.

Тој истакна оти е свесен дека исходот од „битката за Британија“ не ги задоволил навивачите на Гордиот Албион.

– Свесни сме дека ова е разочарување за нашите навивачи, но ќе се подобриме за следниот натпревар, порача англискиот селектор.

Англија во последното, трето, коло од групната фаза ќе игра против Чешка во Лондон, додека Шкотска во Глазгов ќе биде домаќин на Хрватска.

По воведните две кола во групата Д, води Чешка со 4 бодови, пред Англија, која има ист број на бодови но послаба гол-разлика, додека Шкотска и Хрватска имаат по еден бод.