Португалија пред некоку минути го заврши својот натпревар со Шведска на ЕП во ракомет, приредувајќи ново изненадување. Португалците едноставно ја декласираа Шведска победувајќи ја со десет голови разлика, 35:25, нешто што на Шведска не и се случило веројатно со децении.

Со тоа Португалија станува најпријатно изненадување на ова првенство.

Во останатите два денешни натпревари, Норвешка ја победи Унгарија со 36:29, а Словенија го победи Исланд со 30:27.

Утре играат Белорусија-Чешка, Шпанија-Австрија и дербито Хрватска-Германија.