ЕП ВО РАКОМЕТ: Шпанија ја декласира Германија, Исланд ја изненади Данска

/ 11.01.2020

Во натпреварите од 18 и 15 часот на ЕП во ракомет, се одигра и дербито меѓу Шпанија и Германија кое им припадна на Шпанците. Тие без никаков проблем ги декласираа Германците, а интересен резултат направија Исланѓаните кои ја победија Данска со еден гол разлика, 31:30, што веројатно ќе ги остави Данците без ниту еден бод во втората рунда натпреври, со оглед на тоа што се очекува Данска и Исланд да ги освојат првите две места.

Летонија – Холандија 24:32
Шпанија – Германија 33:26.
Табела: Шпанија 4 бода, Германија и Холандија по 2, Летонија 0.

Унгарија – Русија 26:25
Данска – Исланд 30:31.
Табела: Исланд и Унгарија по 2 бода, Данска и Русија без освоен бод.


Од истата категорија