На Европското првенство во одбојка за жени кое се одржува во Турција синоќа беше комплетирана четвртфиналната фаза по која познати се сите полуфиналисти. Последна влез во полуфиналето обезбеди Полска по триумфот над Германија во драматичен меч во пет сета.

Двојки за полуфиналето:
Србија – Италија
Турција – Полска.

Резултати во четвртфиналето:
Србија – Бугарија 3:0
Турција – Холандија 3:0
Италија – Русија 3:1
Полска – Германија 3:2.