Српскиот епидемиолог д-р Радмило Петровиќ сериозно ги предупреди граѓаните за претстојните празници и опасностите што ги носат.
Според епидемиологот, сојот омикрон можеби е присутен во Србија во моментов, но се уште не е официјално откриен. Тој наведува дека со доаѓањето на тој сој може да се очекува нагло зголемување на бројот на заразени и дека времето околу празниците се најкритични за пренос на вируси.
– Имаме прво Нова година што е најмасовен собир, па православен Божик, па православна Нова година… Имаме верски празници во јануари речиси на секои седум дена, што ги зближува луѓето, рече Петровиќ.
Епидемиологот предупредува дека по Нова година бројот на заболени секако ќе биде поголем.
– Кој ќе ја дочека Нова година во кафана, треба да биде подготвен да го помине Божик во Ковид болница, на интензивна нега. Сите ова нека го сфатат сериозно. И јас сакам дочек на Нова година, но сето тоа трае неколку часа и без маска, предупреди епидемиологот.
Тој наведува дека основна мерка за заштита од Ковид е вакцината.