Поранешниот пратеник во Собранието на Македонија, Илија Димовски го коментира јавното аргументирање од бившите министри за надворешни работи, Бујар Османи и Никола Димитров за тоа кој од двата протокола со Бугарија бил подобар, односно полош од другиот.

– Османи и Димитров во епска битка за тоа чиј потпис бил попогубен за Македонија. Класичен театар на апсурдот: двајца соучесници во ист процес се караат кој подобро ја завршил ‘работата, коментира Димовски на Икс.