Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул.
– Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат, истакна Ердоган.
Тој додаде дека земјите како Турција, што се соседи во кризни подрачја, имаат најголем товар кога се во прашање миграцијата и бегалците, а не развиените општества што само го креваат гласот.
Според Ердоган, оние кои прифатиле неколку стотици бегалци и ги користат како рекламен материјал, не преземаат никаква одговорност пред сè поголемата хуманитарна криза.