Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа рече дека испораката на тенкови во Украина нема да донесе решение за конфликтот.
– Не можам да кажам оти верувам дека испраќањето тенкови е чекор кон решавање на украинската криза, изјави Ердоган за турската телевизија ТРТ.
Тој посочи дека очекува западните земји да ги поддржат повиците на Анкара за преговори меѓу Русија и Украина.
Ердоган оцени дека вооружувањето на Украина е „ризичен чекор“, кој им носи профит на трговците со оружје.
Минатата недела САД ветија дека ќе испратат 31 тенк М1 абрамс во Украина, додека Германија потврди дека ќе однесе 14 тенкови леопард 2 во таа земја.
Норвешка, Словачка, Велика Британија, Полска и Франција, исто така, ветија дека ќе ѝ обезбедат на Украина тенкови од западно производство.
Киев очекува во првиот круг да добие до 140 тенка од 12 земји.