Не им посветувајте внимание на тие кои манипулираат со валутните курсеви. По изборите со таквите ќе ги расчистиме сметките. Тоа го изјавил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на предизборен митинг во Сакарија, пренесе бугарската агенција БГНЕС. Тој остро ги критикувал тврдњата за пад на турската економија и потцртал дека благодарение на неговото владеење, Турција достигнала раст од 5,7 отсто.
„Во 2002 година решивме да го забрзаме нашето присоединување кон ЕУ. Тогаш долгот на Турција кон ММФ изнесуваше 23,5 милијарди долари, а сега во 2018 година е нула. Ако во 2002 година секој граѓанин на ЕУ печалеше 100 евра, кај нас се печелеа 35. Денес не етака. Обидот за државен удар имаше тешки последици, но ние направивме што е возможно, работниците да заработуваат повеќе. Турската економија е на многу високо ниво и надмина многу држави“, рекол Ердоган.
Тој посочил дека кога неговата партија ја презела власта во 2002 година, извозот на Турција изнесувал 35 милијарди долари, додека сега е 165 милијарди. Девизните резерви изнесувале 27,5 милијарди, а сега се 110 милијарди, иако изнесуавле 136 милијарди, но поради проблемите со курсот на лирата, забележан е пад.
Ердоган продолжил да посочува на бројки, па така кажал дека во 2002 година во Турција биле продадени 91000 автомобили, а лани – 723 000. Бројот на продадени фрижидери во 2002 година бил 1 088 000, а во 2017 г. – 3 107 000. Тоа според него означува дека штом секој куќа има автомобил и фрижидер, во Турција нема бедни луѓе.