Цел час на небото над Пула вчеравечер (вторник) се случуваше вистинска драма. Воен авион на НАТО Ф-16, поради технички проблем побарал слетување на пулскиот аеродром, и тоа токму во време кога на овој хрватски аердром требаше да слета цивилен авион на Крозација ерлајнс на редовната линија од Амстердам.

– На воениот авион на НАТО во лет му се случил дефект и кружеше на ова подрачје, поради што моравме да го одложиме слетувањето на авионот на Кроација ерлајнс кој од Амстердам требаше да слета во Пула. По подолго кружење воениот авион се откажа од слетување и продолжи во друг правец. Сите наши служби беа ставени во готовност, но случајот среќно заврши, изјавил за „Регионал експрес“ директорот на аеродромот во Пула, Свемир Радмило.

За време на оваа скоро едночасовна драма, над Пула ечеа борбени авиони, бидејќи на авионот кој пријавил дефект, му се приближи уште еден Ф-16, веројатно како помош. По извесно време авионот Ф-16 со дефект се откажа од принудно слетување и продолжи кон Авиано, базата на НАТО во Италија.

Не е објавено на која земја членка на НАТО припаѓа авионот Ф-16 што беше во неволја.

Авионот на Кроација ерлајнс кој требаше да слета во 20:25 часот, беше пренасочен кон Кварнерскиот залив, па таму кружејќи чекаше да се разреши ситуацијата. Потоа патничкиот авион од Амстердам слета во Пула во 20Ч27 часот.

Борбените авиони над Пула ги вознемири граѓаните, бидејќи беа многу бучни и летаа ниско. Исто така и неколку возила на итната помош со вклучени сирени се упатија кон аеродромот.