Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган си разменија пораки преку Твитер, откако претседателот на Турција соопшти дека е позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

-На претседателот Ердоган и на неговата сопруга им посакувам брзо закрепнување од Ковид-19, напиша Мицотакис на Твитер.

Турскиот претседател го сподели твитот на грчкиот премер, му се заблагодари и додаде дека тој и неговата сопруга ги поздравуваат Мицотакис, неговото семејство и грчкиот народ.

Ердоган вчера преку Твитер соопшти дека со сопругата имале благите симптоми, по што се тестирале за Ковид-19 и добиле позитивен резултат, а заразени се со варијантата Омикрон.