За разлика од европските земји, Турција влегува во зима без никакви енергетски проблеми, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Додека европските земји размислуваат како да зимаат поради енергетската криза, ние мирно влегуваме во зима, рече Ердоган, а пренесе ТАС С.
Претседателот на Турција најави и планови за масовно производство на првиот турски борбен авион без пилот „Бајрактар Кизилелма“.