Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Франција за обезбедување оклопни возила на јужнокавкаската земја Ерменија, опишувајќи го потегот како „провокативен“, објавија азербејџанските медиуми.

-Ова е провокација., изјави Ердоган на новинарите на враќање од посетата на Грција.

Според него, „ерменската влада треба да учи од своето неодамнешно искуство и да не подлегнува на овие провокации“.

-Би било во интерес на Ерменија да ја искористи можноста за мир и да не падне во замката поставена од земјите што ја доведуваат во заблуда, рече Ердоган.

За време на 44-дневниот конфликт, Азербејџан го врати Карабах по речиси 30 години ерменска окупација.

-Мирните односи со Азербејџан би биле најдобрата опција за Ерменија. Оние кои ѝ ставаат оружје во рацете ќе ја остават Ерменија сама во тешки времиња, додаде Ердоган.