Џамијата Ал-Акса во Ерусалим денеска по два и пол месеци повторно е отворена за верници и посетители, но со задолжително почитување на мерките за претпазливост со цел да се намалат ризиците од ширење на коронавирусот.
Муслиманските верници мора да носат заштитна маска на лицето и да носат лично сеџаде ако сакаат да се молат во или пред џамијата.
Нема ограничување на бројот на луѓето во комплексот кој е на површина од 14 хектари.
На утринската молитва денеска присуствуваа околу 700 верници, а подоцна изутрината, пристигнала и група православни Евреи, придружувани од израелската полиција.
Во Израел досега се регистрирани 17.000 случаи на коронавирус, а починале 284 лица.