Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Франција за лошите услови во притворските простории, соопшти прес-службата на судот.

На ЕСЧП им се обратија 32 затвореници, од кои 29 биле француски државјани сместени во казнено-поправните установи во Мартиник, Француска Полинезија, Гвадалупе, како и во притворските затвори во Ним, Ница и Фреснес.

Во жалбата тие посочуваат на лошите услови во затворите, особено пренатрупаноста, состојбата на санитарните јазли и неефикасноста на превентивните мерки за правна заштита.

Судот препорача државата да ги преразгледа мерките во врска со подобрување на условите во затворите и да ја спречи пренатрупаноста.