Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на самитот за електрична енергија што се одржува во Атина се сретна со новоназначениот директор на Енергетската заедница (ЕЗ), Артур Лорковски.

Директорот Ковачевски, информираат од ЕСМ, го запозна Лорковски со предизвиците со кои се соочи државата во текот на енеретската криза, како и успешното менаџирање преку АД ЕСМ со силна поддршка од Владата. Беа истакнати предизвиците кои се очекуваат во текот на годината, како и за следната грејна сезона 2022/23 година.

Лорковски, од своја страна изрази поддршка за државата и за АД ЕСМ како лидери во енергетската транзиција во Југоисточна Европа и порача да се продолжи во истиот правец.

-Договорена е работна средба која ќе се одржи во Скопје на крајот на јуни, на која подетално ќе се разговара за енергетските теми и проекти, соопшти ЕСМ.