Околу 60.000 семејства и фирми корисници на парно греење на само три пункта во Скопје треба да потпишат нови договори со ЕСМ за топла зима.

Корисниците од денеска почнаа да ги потпишуваат договори со новиот снабдувач ЕСМ. Граѓаните кои дојдоа да склучат нов договор, на еден од трите пункта, колку што обезбеди ЕСМ, реагираат, дека повторно мора да шетаат по шалтери.

Уште од првиот ден, иако немаше голем метеж, граѓаните се револтирани зошто во 21 век кога се е дигитално, мора да потпишуваат нови договори за парно греење.

Како што објавија повеќе медиуми, денеска пред пункотвите доаѓаа, и веднаш си заминуваа граѓани кои го чуле повикот од ЕСМ. Дел ги потпишале новите договори, а на дел им побарале дополнителни документи.

– Ми бараат извод, ми бараат имотен лист, но и сето тоа да е заверено на нотар, па и да ја носам мајка ми која има 90 години, а жената лежи в кревет, можело и со полномошно, но нема тоа како сега да го направиме, реагираат граѓани кои не завршија работа, објави ТВ Алфа.

Големо незадовоство кај граѓаните има од почетокот на грејната сезона, велат „само што ќе го пуштат го гасат парното“.

Пунктовите кај Олимписки базен, во Аеродром зад Капитол, и во во Тафталиџе кај топланата – се отворени секој работен ден од 8 до 18 часот и во сабота до 13:30 часот.