Можеби некој и заборавил, но оние кои ги следат настаните кај нас, добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство на Владата на Груевски во 2008 – 2011 година. А, негов единствен успех во тие години е што беше најкорумпираниот албански министер досега. Тој е единствениот албански функционер кој бил предмет
на Специјалното јавно обвинителство за предметот Пацинет, кој кога му требаше на СДСМ во 2017 година, премолчија се. Меѓутоа, иако шајките се отстранети, трагите остануваат.

Прашуваме, што е сторено во предметот Пацинет и каде завршија парите поврзани со тој предмет?

Освен ова, ако веќе се одлучил да се кандидира за претседател, тој ѝ должи на јавноста да одговори на следниве прашања:

Дали е вистина дека респираторите за време на пандемијата со ковид-19 биле купени преку руска компанија и каква е неговата поврзаност со оваа компанија?

Каква енеговата поврзаност со компанијата што увезувала маски за време на
пандемијата и дали побарал од сите институции да ги користат тие маски“?

Кандидат за претседател и министер чиј најчест збор во неговата патетична реторика е зборот евроинтеграција, мора да одговори на овие прашања доколку сака да ја добие довербата од граѓаните. Можеби Османи нема да одговори на овие прашања, тие се повеќе за јавноста отколку за нас бидејќи ние точно ги знаеме тие одговори, но најавуваме дека ќе имаме уште неколку појавувања со кои пациентот на Груевски, Бујар Османи, ќе стане уште попознат за граѓаните на нашата земја“, беше речено на прес-конференцијата.