Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов наскоро ќе стане татко.

„Да, добро читате. Нашиот најдобар пикер за многу скоро ќе се оствари и во таа нова улога. Неговата избраничка, која досега не ѝ е позната на јавноста, се вика Деница и е од Скопје. За нивната љубов знаат само најблиските, а она што ѝ е познато на нашата редакција, Деница е по професија уметник“, објави порталот Еспресо.

Стоилов никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности, пишува порталот.

Тие наведуваат дека се обиделе да стапат во контакт со Стоилов за потврда на убавата вест, но не добиле одговор.