Естонскиот министер за надворешни работи Магнус Кана изјави дека земјата е подготвена, доколку е потребно, дa смести сојузничко нуклеарно оружје на своја територија.

Тој нагласи дека Европа не треба да го исклучува наднационалното нуклеарно одвраќање на НАТО.

„Ние не сме против распоредување нуклеарно оружје на наша територија. Немаме доктрина што би го исклучила тоа ако НАТО смета дека е потребно, во согласност со нашите одбранбени планови, да распоредиме, на пример, нуклеарно оружје на наша територија“, рече естонскиот министер.

„Политико“ објави на 15 февруари дека неколку европски земји јавно ја објавиле својата намера да се приклучат на разговорите за создавање заеднички систем за нуклеарно одвраќање во Европа заедно со САД.

На 29 јануари германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Берлин разговара со европските земји за можноста за заедничко нуклеарно одвраќање што би го надополнило американскиот „нуклеарен чадор“. Сепак, тие разговори се во рана фаза.

На 13 февруари, „Блумберг“, повикувајќи се на извори, објави дека европските земји ја разгледуваат можноста за создавање сопствен систем за нуклеарна одбрана првпат од крајот на Студената војна бидејќи САД повеќе не се сметаат за сигурен воен партнер.

Фото: архива