Банки активни во Естонија објавија дека од 2008 до 2017 година изврпиле прекугранични трансакции во вредност поголема од билион долари, објави Централната банка.

Естонија ја тресе афера откако е откриено дека во таа членка на ЕУ со 1,3 милиони жители переле пари Русија, Молдавија и Азербејџан преку нерезидентни банкарски сметки.

Податоците за прекуграничните трансакции откриени од Блумберг говорат дека операцијата за перење пари преку таа малабалтичка држава во која е вмешана естонската филијала на данската банка Данске банк, е многу поголема отколку што се сметало вопочетокто.

Според Централната банка на Естонија, вкупните прекугранични трансакции изнесувале 1,1 билиони евра. Банката не сооопшти дали смета дека која било од трансакциите се сомнителни.