Европската Унија ја демантираше Владата на Република Македонија околу почетокот на преговорите за пристап кон Унијата, откако синоќа еуфорично беше соопштено дека Македонија ги добила пристапните преговори за јуни 2019 година.

Во тој контекст, ЕУ објави соопштение во кое се вели:

„Од страна на Европската Унија не е дадена согласност за пристапни преговори на поранешната југословенска Република Македонија, туку е дадена условна препорака за почетни пристапни преговори доколку земјата ги изврши реформите, односно ги задоволи критериумите што важат во ЕУ“, се вели во соопштението.

Според извештајот на ЕУ, реформите се однесуваат на подобрување на правосудниот систем, намалување на корупцијата во државата, реформи за медиумите и слободата на говорот, реформи во земјоделието, здравството итн.