Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за Ковид-19.

Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел.

 – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, е клучно во оваа ситуација, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Таа најави и заедничка набавка што ќе им овозможи на европските земји да дојдат до дополнителни тестови.

– Ова треба да ни помогне да го забавиме вирусот. Во ова сме заедно, истакна Фон дер Лајен.