Претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен денеска пред во Европскиот парламент во Стразбур ќе го одржи своето годишно обраќање за „Состојбата на Унијата“.

ЕК во петокот објави преглед за работата и постигнувањата не Европската комисија во текот на изминатата година, кој ги опишува активностите на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина, напорите за намалување на енергетската зависност од Русија, постигнувањата во однос на другите политички приоритети на Комисијата и заложбите за зајакнување на просперитетот и отпорноста на Унијата преку спроведување на проектите „СледнаГенерацијаЕУ“ и „РеПауерЕУ“, како и за имплементација на Европскиот зелен договор и на програмата Европска дигитална декада. Документот содржи и преглед на ангажманите на ЕУ со нејзините партнери ширум светот, особено оние посветени на трговската агенда, како и на иницијативите насочени кон зајакнување на „столбовите на европската демократија и изградбата на Унија на рамноправност“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во извештајот за работата на ЕК се потсетува дека пред една година, ЕУ се соочи со еден од најголемите предизвици досега – со војна што беснее на нашиот континент и првпат досега една соседна земја беше нападната поради нејзината желба да се приклучи на нашата Унија.

Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот.

– Русија се обиде да не уценува со енергија, а Европа беше на работ на криза со фосилните горива. Не знаевме дали нашите резерви на гас ќе бидат доволни за зимата. Но, ние длабоко во нашите срца знаевме дека не можеме да се откажеме од нашите украински пријатели, кои се борат за својата слобода. Требаше брзо да ја прекинеме нашата зависност од руските фосилни горива, со диверзификација и забрзување на транзицијата кон чиста енергија. И го направивме тоа, заедно. Не затоа што беше лесно, туку затоа што беше вистинската работа, се наведува во документот.

Во прегледот се посочува дека ваквите определби го одразуваат „духот на Европската комисија на претседателката Урсула фон дер Лајен“.

– Од 2019 година, Европејците издржаа глобална пандемија, издржаа енергетска криза и примија во своите домови најголемиот број раселени луѓе по Втората светска војна. И покрај таквите неволји, ние никогаш не се поколебавме во нашата заложба за Европскиот зелен договор, дигиталните иновации насочени кон човекот и социјалната правичност. Ова е Комисија која останува доследна на зборот и испорачува, се нагласува во извештајот.

Во документот се наведува дека и Македонија, заедно со 27-те земјите членки на ЕУ, Исланд, Норвешка, Србија и Турција преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, учествуваше во обезбедувањето над 94.000 тони помош за Украина, чија вредност се проценува на над 760 милиони евра.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе го претстави денеска официјалниот предлог за план за европско економско закрепнување од последиците на пандемијата со новиот ко

– Граѓаните на ЕУ не само што ја вратија довербата во издржливоста, агилноста и визијата на нашата Унија, туку и ние Европејците излеговме посилни и пообединети, се наведува во прегледот.

По обраќањето на Фон дер Лајен, кое е нејзино последно годишно обраќање во овој состав на Европарламентот пред европските избори во јуни следната година, ќе следи расправа на која европратениците ќе изнесат свои видување за состојбата во Европската унија.

Инаку, покрај Фон дер Лајен пред европратениците денеска ќе се обрати и лидерката на белоруската опозиција во егзил Свјатлана Циханускаја, по што е предвидено Европскиот парламент да гласа за резолуција со која властите во Минск ќе бидат повикани да ги ослободат сите политички затвореници и ќе биде изразена „голема загриженост поради потчинувањето на Белорусија на Москва“.

За денеска во ЕП е предвидена и расправа за законот на ЕУ за критични суровини, кој има за цел да обезбеди снабдување со клучни материјали, како што се литиумот за батерии или силиконот за полупроводници, со што би се намалила зависноста на Унијата од увоз на овие суровини, како и гласања по неколку предлози за кои се дебатираше во претходните два дена од септемвриската сесија, меѓу кои и за предлогот за зголемување на бројот на членови во Европарламентот во следниот состав од 2024 година од сегашните 705 на 720.