Земјите членки на ЕУ денеска ги продолжија за една година рестриктивните мерки врз Мјанмар, соопшти прес службата на Советот на ЕУ.

Овие санкции се состојат, меѓу другото, од ембарго врз оружје и опрема што може да се користи за внатрешна репресија како и забрана за извоз на опрема за прислушување и забрана за воена обука на армијата на Мјанмар.

Дополнително, ЕУ има и таргетирани санкции против четиринаесет лица одговорни за сериозни нарушувања на човековите права во земјата, главно инволвирани во масакрите врз Рохингите, муслиманското малцинство во оваа земја.

Советот на ЕУ уште еднаш ги повика властите на Мјанмар да преземат итни мерки за да им стави крај на сите кршења на човековите права.