Канцеларијата на Европскат унија во Приштина соопшти дека Брисел не одредил конкретен датум за укинување на визниот режим за Косово, со што го демантира премиерот Рамуш Харадинај, кој вчера изјави дека визите ќе бидат укинати до крајот на годинава, јави од Приштина.
Од претставништвото на ЕУ за весникот „Зери“ изјавија дека, иако е останат само „уште еден чекор“ до финализацијата на процесот за либерализација, гласањето во Советот на министри на ЕУ, сепак не може да се каже кога точно тоа ќе се случи.
– Косовските власти треба да продолжат да работат забрзано на случаите кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупцијата пред да се донесе конечната одлука за овој процес, велат од канцеларијата на ЕУ.