Европската унија испраќа четири авиони за борба со пожари на Сардинија како одговор на барањето на Италија за помош во справување со огнена стихија што зафати голем дел од островот.

Два авиона Канадери биле доставени од Франција, а другите два од Грција, соопшти Комисијата.

Во гансењето досега се вклучени седум такви авиони, соопшти италијанската служба за цивилна заштита. Пожарите зафатија површина над 4.000 хектари во западниот дел од островот и евакуирани се над 400 луѓе.