Европската унија официјално составила список со американски стоки кои можат да бидат оданочени со увозни давачки како одговор на царините на САД за увоз на челик и алуминиум.
Листата, која вклучува земјоделски производи како пченка, ориз, путер од кикирики и сок од портокал, потоа виски, тутун и фармерки, како и разни производи од челик, мотоцикли и чамци, е доставена до Светската трговска организација.
Царините ќе изнесуваат 1,6 милијарди годишно, стои во документот на ЕУ. Износот е еднаков на вредноста на американските царини.