Ученикот од Тексас кој е во затвор заради обвинение дека убил десет лица во едно училиште во Тексас, плановите за напад ги опишал во своите приватни дневници, каде планирал и самоубиство, соопштија американските власти. Димитриос Пагурцис инаку го опишуваат како мирен, повлечен, кој имал планови да се приклучи на маринците.

Меѓутоа, иако неговите соученици го опишуваат како мирен, момче кое го сакало спортот, сепак, тој не криел дека сака да има оружје, да пука, а на Фејсбук објавил и фотографија со кошула на која стои натпис „Роден да убива“.

Полицијата засега не дошла до сознание за каков било мотив за ова масовно убиство, 22 оваа година.

-Не само што сакал да изврши убиство, туку по пукањето сакал да се самоубие, но немал хрбарост, изјавил претставник на истрагата.

Пагурцис во масакрот користел две парчиња огнено оружје од неговиот татко, кое било легално купено, а при претресот во неговиот автомобил и околу училиштето се пронајдени експлозивни направи и молотов коктел.

Ученикот инаку немал криминално досие и бил вљубеник во видео игри.