Европската Комисија очекува добра соработка со новата влада во Македонија и посветеност кон ЕУ агендата, изјавија денеска од оваа институција.
На новинарско прашање дали Европската Комисија навремено ќе го објави прогрес извештајот за Македонија и дали ќе можат да започнат преговорите за членство во ЕУ, портпаролката на Европската Комисија не беше во можност да даде прецизен одговор засега.
– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада во С. Македонија и да продолжиме да ја следиме стратегијата за интеграција во ЕУ, ќе продолжиме исто така да работиме со владата во борбата против пандемијата од Ковид-19, изјави заменичката на портпаролката за проширување.
Таа додаде дека Европската Комисија исто така очекува од новата македонска влада посветеност кон остварување на ЕУ реформите, посебно во делот на ЕУ законодавството.