Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска во рамки на кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе престојува во Југоисточниот плански регион, каде ќе ги посети општините Дојран и Конче.
Евроамбасадорот Гир заедно со дојранскиот градоначалник Анго Андов денеска ќе ги посети двата проекти што ги финансираше ЕУ во рамки на Програмата за локална и регионална конкурентност – Градскиот парк и Отворената летна сцена во Дојран. Воедно, со градоначалникот на Конче, Благој Илиев ќе ги посети реконструираниот пат и планинарските патеки во оваа Општина.