Италија постигна договор со Европската комисија за оспоруваниот буџет за 2019 година, соопшти портпарол на италијанското Министерство за економија.
Извори од канцеларијата на премиерот Џузепе Конте сепак повикуваат на претпазливост по ова прашање, велејќи дека Рим добил само усно уверување од Брисел за спорното прашање, пренесува БТА.
Локалните медиуми наведуваат дека договорот нема да се формализира до утрешниот состанок на европските комесари во Брисел.
Портпаролот на Европската комисија потврди дека за италијанскиот буџет ќе се дебатира утре, но не даде дополнителен коментар.
Италијанското Министерство за економија не даде дополнителни детали за договорот.