Европратениците не се задоволни од настапот на кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, пренесуваат од комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, каде кандидатот беше сослушан утрово.

30 европратениците гласале за него, 48 против, со што неговата кандидатура не е одобрена. Сега следуваат дополнителни прашања во писмена форма до кандидатот, со што му се остава уште една прилика на кандидатот да ги убеди скептичните пратеници.

Групата на Зелените веднаш по сослушувањето соопшти дека ќе гласа против него бидејќи оцени дека Вархелји не дал доволни гаранции дека ќе биде независен од владата на Виктор Орбан. Им се придружија и неколку пратеници од редовите на Социјалдемократите.

Скептичните пратеници сметаат дека Унгарија не треба да управува со ресорот проширување поради слабостите во владеењето на правото во оваа земја.

Урсула фон дер Лајн сака нејзината Комисија да почне со работа на први декември.