Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на Твитер објави дека потпишал договор за соработка со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал Бин Фархан за зајакнување на врските преку редовни политички, социо-економски и други консултации.
„Првиот дијалог за човекови права оваа недела покажува позитивна динамика во нашето партнерство“, додаде Борел за состанокот во саудиската престолнина Ријад.
Во рамките на своето прво патување во регионот на Персискиот Залив, Борел замина за Саудиска Арабија по посетата на Катар и Обединетите Арапски Емирати.
Борел, исто така, рече дека ЕУ е подготвена да склучи трговски договори со земјите од Заливот, велејќи дека Унијата ја поддржува иницијативата за модернизација на Саудиска Арабија.
Брисел изрази надеж дека дијалогот ќе доведе до вистински резултати во однос на почитувањето на човековите права во земјата.