Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, заедно со европските комесари денеска пристигнаа во Украина на средба со претседателот Володимир Зеленски.
Ова се случува во период кога желбите на официјален Киев се што побрзо да се вклучат во Европската унија.
На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за обновата на Украина, залихите со храна и за нов пакет хуманитарна помош од 25 милиони евра за земјата.