Во убав натпревар, посебно од страна на нашата екипа, македонската репрезентација вечерва го победи Израел во Скопје со 1:0 со голот на Николов во продолжението од првото полувреме и така го освои третото место во групата од која на ЕУРО 2020 се квалификуваа Полска и Австрија.

Нашата репрезентација одигра мошне квалитетно, со многу шанси, Барди имаше и пречка и вистинска штета е што не победи со неколку голови разлика. Во секој случај, прекрасен завршеток на овие квалификации, иако останува впечатокот дека не сме толку послаби од Австрија за да ги загубиме двата натпревари и со тоа, практично сами да и го предадеме второто место.