Бомба од Втората светска војна пронајдена е во стамбено-деловниот комплес Европски кварт во Франкфурт, поради што е почнат план за евакуација на 16.000 луѓе, објави локален портал.
Противпожарната служба во Франкфурт потврди дека бомбата е пронајдена во комплексот вчера (понеделник), во текот на работење на една конструкција.
Како што се наведува тежината на бомбата не е позната, а мерките за евакуација се однесуваат на граѓаните кои се во радиус од 700 метри.
Градската полиција соопшти дека околу 16.000 луѓе треба да бидат евакуирани до осум часот вечерва.
Според зборовите на портпаролот на германската железница, возовите нема да минуваат во ова подрачје од 19 часот, а се уште не е познато дали линијата чија траса минува низ комплексот ќе мора да биде во целост стопирана.
Како што се наведува работата околу обезбедувањето на бомбата би требало да биде завршена до еден часот после полноќ.