Според што на својата ФБ страна го сподели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, еве како се одвивало гласањето на едно од избирачките места во Сарај (инаку во Сарај излезноста беше над неверојатните 60 отсто)
ИМ 2437, општина Сарај
Вкупно запишани гласачи: 941
до 15 часот гласале 220
во 17 часот избројано дека гласале 720
Тоа се 500 гласачи за 2 часа!
По еден глас на секои 14 секунди!
Како што можете да забележите овде успеале да постигнат излезност до 17 часот над 75 отсто!