Според сите податоци, на референдумот гласале нешто помалку од 40 отсто од гласачите, иако ДИК ги нема објавено резултатите за гласањето заклучно со 19 часот.

Со тоа, согласно Уставот и Законот за референдум и граѓанска иницијатива, референдумот е неуспешен и граѓаните не го одобрија договорот со Грција, независно од тоа што зборуваат Зоран Заев и тие околу него.

Иако поради стравот од неуспех референдумот беше прогласен за консултативен, тој секако создава обврска за пратениците. Делување спротивно од ова е одење наспроти волјата на граѓаните и туркање на државата во хаос.

Наспроти изјавите дека на рефереендумот одлучувале само тие пто гласале, Уставот не го интересираат такви ментални варијации и бара излезност од 50 отсто плус 1 и се спротивно од ова значи неуспешен референдум.