Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќен пасош во светот. Според станицата The Passport Index, на врвот на листата е пасошот на Обединетите Арапски Емирати.

Со тој пасош може да се влезе без проблеми во 167 држави односно пристап до 84 отсто од светот.

Таа страница рангира пасоши од 193 држави и шест региони што се членки на ОН.

ОАЕ се на врвот од листата во рекорден рок – првпат беа регистрирани во декември 2016 година (на 27 место), и две години подоцна се веќе „број еден“.

Во првите 10 држави се Сингапур, Германија, Данска. Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија како и Холандија со чиј пасош може да се влезе во 165 држави.