Дињата има значајно место и примена во народната медицина, а се користи плодот, сокот и семките против грчеви, за решавање на проблеми со мочниот меур, за зајакнување на имунитетот и нега на сувата кожа.
Во народната медицина дињата има широка примена во лекувањето. Во терапијата се користат плодовите, сокот и семките.
Против грчеви
Помешајте 2 лажици семки од диња со 2 лажици семки од краставица и прелијте ги со 6 дл зовриена вода. Остваете ги поклопени да отстојат два часа и процедете. Пијте 1 дл пред појадок, а 2 дл пред ручек и вечера. Лекувањето трае 10 дена.
За мочниот меур
Помешајте 2 лажици ситно измелени семки од диња, 2 лажици семки од краставица и 1 лажица иситнети петелки од вишни. Прелијте ги со 7 дл зовриена вода и оставете да отстои поклопено два часа. Процедете и пијте по 2,5 дл три пати дневно пред оброкот во текот на пет дена.
Силен имунитет
Сокот од дињи, исцеден рачно или во соковник, се меша со јогурт, мед и лимонов сок. Се консумира два до три пати днево по една чаша.
Нега на сувата кожа
Во свежо исцедениот сок од диња се додава еднаква количина на млеко и вода од рози. Овој лонсион се става на лицето навечер и наутро, по можнност и почесто. Се остава да стои 20 минути, па лицето се мие со млака вода.