Ако спиете повеќе од 8 часа, ризикот од предвремена смрт се зголемува. Луѓето кои “преспиваат”, се со поголем ризик од прерана смрт, за разлика од оние кои спијат многу малку, покажува истражувањето на научници од универзитетите во Кил, Манчестер, Лидс и Источна Англија.

Експертите откриле дека спиењето повеќе од 8 часа е поштетно од седум часовен сон. Најмал е ризикот кај луѓето кои спијат помеѓу 7 и 8 часа. Луѓето кои спијат по 9 часа, се со 14% поголем ризик од предвремена смрт, додека за оние кои спијат 10 часа, овој ризик се зголемува до 30%. Луѓето кои спијат 11 часа се изложени на зголемен ризик од 47%.

Истражувањето, спроведено меѓу 3,3 милиони луѓе во светот, покажува дека долготрајното спиење го зголемува ризикот од срцеви заболувања и инфаркт. Научниците објаснуваат дека поради долгиот сон луѓето се движат помалку и вршат помалку физички активности, што доведува до срцеви проблеми.

“Подолгото спиење може да биде поврзано со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и коморбидност (присуство на една или повеќе болести или нарушувања, дополнително на основната болест), проследено со замор, хронично воспаление и анемија. Симптомите на депресија, низок социо-економски статус, невработеност и намалена физичка активност, исто така се поврзани со долгиот сон “, наведуваат експертите.