Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без струја ќе бидат делови од општините Центар и Карпош.

Како што информира РЦУК-Скопје по добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, во периодот од 08:30 до 11:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците на дел од ул.Наум Наумовски Борче, ул.Јордан Хаџи Kонстантинов Џинот, ул.Ристо Шишков во Општина Центар.

Во Општина Карпош, пак, во периодот од 089:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на ул.45 ул.49 ул.52, фирмата Ла Пласт, како и објекти кон обиколницата.