Капитенот на Англија, Хари Кејн проговори за тоа што очекува од натпреварот во групната фаза на Европското Првенство 2020 со Хрватска.

– Ако го започнеме турнирот со победа, земеме три бода, тоа ќе ни обезбеди добра позиција пред натпреварот во Шкотска. Ова е долг турнир, не може да се победи само со еден натпревар. Мислам дека сме доволно силни за да ја поминеме групата, изјави Кејн.

Натпреварот Англија – Хрватска ќе се одигра денес на „Вембли“ во Лондон со почеток во 15 часот.

На другиот меч од 1. коло утре се среќаваат Чешка и Шкотска.